Македонија

ДУИ и СДСМ се двете партии кои не направија ништо ниту за Македонците, ниту за Албанците

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска испратија соопштение во кое се вели дека партиите ДУИ и СДСМ не направиле ништо ниту за Македонците, ниту за Албанците, но „највеќе направиле за своите џебови и богатење на лични сметки“.

„СДСМ застана во одбрана на својот партнер во криминалот и власта ДУИ и реагира на се погласните прозивки за скандалите кои се случуваат и во дворот на ДУИ. Тоа е така зошто и СДСМ и ДУИ се лицето и опачината на криминалот во Македонија. Соопштенијата со одбрана на СДСМ само кажуваат каква криминална група владее со државата. ДУИ и Ахмети секогаш кога сака да се додвори на странците се откажува од Косово, и го сака Отворен Балкан каде Косово не се споменува, а секогаш кога крадат и врват тендери во 4 очи тие глумат загрижени патриоти. СДСМ секогаш кога им требаат гласови ветуваат лажно се и сешто, и не исполнуваат ништо, а кога ќе треба да крадат тие се најдобри партнери на ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека ваквата политика ги донела и Македонците, и Албанците како и сите останати граѓани во Македонија, на работ на егзистенцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни