Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на прес конференција посочи дека во тек е финансиска конструкција на планот „Safe city“.
„Во однос на „Safe City“ ја правиме финансиската конструкција бидејќи не е мала и тоа не е само „safe city“ туку и контрола во безбедност во сообраќајот. Јас мислам дека наскоро ќе ја заокружиме и таа финансиска конструкција и ќе го започнеме процесот“, вели Спасовски.
Тој вели дека со реализација на Safe City ќе се исклучи човечкиот фактор и нема да има селективност во ниту еден случај.