Македонија

Спасовски: Од кога сум јас министер во МВР намален е бројот на жртви во сообраќајни несреќи

Спасовски: Од кога сум јас министер во МВР намален е бројот на жртви во сообраќајни несреќи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес конференција посочи дека откако е тој министер намален бил бројот на жртви во сообраќајни несреќи.

„Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите се нон стоп на патиштата и нон стоп во контрола. Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи. 2013 година сме имале 198 жртви, 2021 имаме 111 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и работата, или ако сакате од моментот додека јас раководам со МВР, од 2016 година до денеска имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот“, порача Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни