По новинарско прашање околу тоа дали чувствува одговорност поради постапките кои ги направиле за тоа што се ниски платите во Македонија (со оглед на тоа дека се задолжиле со Скопје 2014) и кога можеле да решат проблемот со соседите со цел да влеземе порано во НАТО и ЕУ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека ако го прашуваат него, како премиер, не би ги сменил Уставот и идентитетот на народот со цел да влезе во ЕУ и НАТО.
„Ако ме прашувате мене, кога јас би бил премиер и кога би требало да одлучувам дали да го променам Уставот и да го сменам идентитетот за да влезам таму каде вие велите дека треба да влеземе, во НАТО и ЕУ, ќе ви дадам одговор – не, немаше тоа да го направам затоа што јас сум доброволец во Армијата затоа што сум јас човек кој што образува луѓе и кој што си ја сака сопствената држава и сопствениот народ. Не сум трговец и не го работам ова за пари, и не го работам ова за нешто повеќе. Го работам затоа што си ја сакам сопствената земја. Уште еднаш одговорот – не немаше тоа да го направам. Предавство, што некој друг го направи. Нема да го предадам Гоце Делчев“, вели Мицкоски.