И на девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, утринава се движи околу 96,05 поени, додека вчера беа 96,20.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 115,40 на 115,65 јени.
Но, американската валута ослабе во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,1350 долари, додека вчера во овој момент беше 1,1320 долари.
Цените на нафтата, пак, утрово стагнираат откако вчера драстично паднаа. На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 0,1 отсто на 93,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,05 отсто на 92,05 долари.
Инаку, на азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа, како и на Волстрит претходниот ден, благодарение на намалувањето на тензиите околу Украина, но и на слабеењето на инфлацијата во Кина, што ги зголемува надежите за дополнителни стимулативни мерки.