Македонија

Ковачевски разговараше со Борел за Украина

Ковачевски разговараше со Борел за Украина

Премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејбук профил објави дека денеска на барање на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел, телефонски разговарал за случувањата во Украина.

– Во разговорот, тој ја изрази својата благодарност за целосната усогласеност на Република Северна Македонија со надворешната политика на ЕУ. Стоиме заедно и со целосна поддршка на граѓаните во Украина, напиша Ковачевски на ФБ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни