Македонија

Целта на рускиот напад е уништување и заземање на Украина, вели амбасадорката на Украина

Целта на рускиот напад е уништување и заземање на Украина, вели амбасадорката на Украина

Амбасадорката на Украина Наталија Задуружњук во „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека целта на рускиот напад е уништување и заземање на Украина.

„Целта на руската офанзива и воена операција е уништување на украинската држава. Насилно заземање на украинската територија и воспоставување на окупациска контола. Руските војски остваруваат напади на мирните украински градови од различни правци“, посочи Амбасадорката.

Таа вели дека ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни