Русија денеска ги предупреди земјите од соседството на Украина да не прифаќаат борбени авиони од Киев, кои потоа ќе се користат против силите на Москва, и ја обвини Романија дека дозволува такви слетувања, пренесе АФП.
„Речиси сите борбено подготвени авиони на режимот во Киев се уништени. Но, од сигурни извори знаеме дека украинските авиони полетале во Романија и другите соседни земји“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
„Употребата на мрежата на аеродроми во овие земји како база за украинските воени авиони и нивната последователна употреба против руските вооружени сили може да се смета како мешање на овие земји во вооружениот конфликт“, предупреди портпаролот.