Свет

Воздушен напад уништи станбен блок во Чернихив

Воздушен напад уништи станбен блок во Чернихив

Во руски воздушен напад е уништена висококатница во северниот град Чернихив, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби.

Најмалку едно лице е убиено, а уште едно рането во нападот, додека седуммина се спасени, велат од Службата.

Непроверените видеа на социјалните мрежи покажаа црн чад како излева од деветкатницата додека пожарникарите се борат да го локализираат пожарот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни