Автобус со украински бегалци се превртел во Италија, соопштија властите, а пренесува БТВ.
Несреќата се случила на автопат во северниот дел на земјата, меѓу Чезена и Римини.
Од засега непознати причини автобусот излетал од патот и се превртел во канал.
Во возилото имало 50 украински бегалци. Едно лице загина, а неколку се повредени.
Акцијата за спасување продолжува.