Станува збор за тактичко извидувачки дрон од израелско производство Elbit Skylark 1, потврдија од КФОР за косовски Телеграф.
Нешто пред 15 часот попладнево, воен дрон се урна на југот на Косовска Митровица.
Додаваат дека дронот се урнал поради дефект и дека нема повредени. Исто така, нема штета, велат оттаму. Тие тврдат дека дронот паднал во приватен двор додека вршел рутински операции за надзор.