Македонија

Солзавци и шок бомби украдени од магацин на полицијата во Охрид

Од помошен магацин во СВР Охрид биле украдени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување.

Од полицијата информираа дека тешката кражба се случила вчера околу 12.30 часот во магацинот кој се наоѓа во Стара касарна.

Известен е јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни