- Во Собранието да се донесат измените на кривичниот закон, иницирани од Еврејската заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон;
- Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите;
- Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од нивните претходници за време на Втората светска војна;
- Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Р. Бугарија.
Еврејската заедница со реакција по повод отворањето на бугарскиот културен центар во Битола: Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права
Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска преку соопштение велат дека се згрозени и навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист и близок соработник со нацистите.
„На 16.04.2022 година, Шабат и прв ден Песах, ден кога Евреите од целиот свет го слават празникот за ослободување од египетско ропство, највисоките бугарски претставници на власта – премиерот Кирил Петков, потпретседателот на државата Илијана Јотова, министерот за надворешни работи Теодора Генчовска, поранешниот министер за надворешни работи Екатерина Захариева, и други, официјално го отворија бугарскиот културен центар “Ванчо Михајлов“ по името на докажан фашист, соработник на Павелиќ, Мусолини и Адолф Хитлер. Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа“, велат од таму.
Тие додаваат дека ова е чин со којшто се загрозува мултикултурализмот.
„Класичен пример за непочитување и искривување на историјата. Еклатантен обид во таканаречената „заедничка историја“ на која инсистира Бугарија, таа да се претстави како ослободител, а не како фашистички окупатор кој во центарот за убивање Треблинка депортира 7.144 македонски Евреи или 98% од еврејската популација во тоа време. Обид да се минимизира улогата на Р. Бугарија во холокаустот и окупацијата на Македонија. Искривување на фактите од европската и светска историја за Втората светска војна. Чин којшто не е во духот на добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, велат од Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите.
Тие велат дека они, наследниците на преживеаните од холокаустот нема да ги премолчат ваквите појави и бараат итно и неодложно:
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни