Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на својата фејсбук странива објави дека имал средба со претставници од „Лидл“ кои биле заинтересирани да инвестираат во Кисела Вода.

„Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регионален дистрибутивен центар на германскиот гигант кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија“, напиша градоначалникот.
Инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број лица.