Македонија

Сончево и топло – максималните температури до 29 степени

Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни