Македонија

Османи и Вархеи од Софија доаѓаат заедно во Скопје

Османи и Вархеи од Софија доаѓаат заедно во Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи по средбите во Софија, заедно доаѓаат во Скопје, дознава 4NEWS.mk

Според најавите, утре во Софија Османи и Вархеи ќе бидат дел од панел дискуција, а средби ќе има и на највисоко ниво со премиерот Кирил Петков, претседателот Румен Радев, како и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Еден од наведените приоритети на актуелното француско претседателство со ЕУ е да се најде решение за билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни