Македонија

ПУКАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Во чајџилница убиено едно лице, неколку повредени

Вест од последните минути….

Во пукање во Скопје загина едно лице, а неколку се повредени, дознава 4NEWS.mk

Според наши информации пукано е во чајџилница на улица Браќа Реџепагиќ во Скопје.

Вечерва во СВР Скопје е пријавено пукање од огнено оружје во чајџилница на ул. Браќа Реџепагиќ во Скопје, при што, според пријавеното се повредени три лица, а едно од нив починало од повредите. Полициски службеници се упатени на местото на настанот за расчистување на случајот.

На терен е полиција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни