Македонија

Брат му лани бил убиен – откриен идентитетот на починатиот по престрелката во Чаир

Вчера се случила престрелка во која две лица пукале од страна на автоматско оружје.

Настанот се случи во скопската населба Чаир, при што загина едно лице, а уште две беа повредени во пукање во чајџилница.

Според информациите, Јонуз Идризи е лицето кое го загуби животот, а мотивите за пукањето засега не се познати.

Инаку, се работи за најстариот брат на Камбер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година.

Од Министерството за внатрешни работи тогаш информираа дека настанот се случил на паркинг на подрачјето на Чаир, каде било паркирано патничко возило „фолксваген голф 7“, со скопски регистарски ознаки, а во кое биле возачот Л.П.(24) од Скопје и сопатникот К.И.(43) од Скопје, неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото.

К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни