Денеска на форумот во Бугарија, се разговараше и за преговорите со Северна Македонија.
Бугарија го потврди својот став, изнесен од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, што гласи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот е предуслов за почеток на разговори со Скопје, пишува БТВ.
Но, на форумот се слушнале и спротивставени ставови за оа дека треба да се укине ветото и да почнат преговори, па дури потоа да се исполнат условите на Бугарија.
„Пристапот 4 плус 1 ги гарантира правата на Бугарите и Хрватите и Црногорците да бидат вградени во Уставот на Северна Македонија. Како тоа може да се случи е прашање на долг разговор. Според мене, најреално е ако се укине ветото и Бугарија даде зелено светло за првата меѓувладина средба и отворањето на првото поглавје за да се најде начин Бугарите да се вклучат во уставот како конститутивен елемент, изјави европратеникот Илхан Ќучук.