Балкан

Земјотресот во Требиње оштети 58 објекти

Земјотресот во Требиње оштети 58 објекти

Јавната установа „Екологија и безбедност“ од Требиње до вторник пријави 58 штети на приватни објекти, предизвикани од земјотресот што во петокот и саботата ја погоди Херцеговина.

Ова го соопштија во споменатата јавна установа, од каде што наведуваат дека веќе е формирана комисија за проценка на штетите од земјотресот, која утре претпладне ќе излезе на терен со веќе постоечки барања.

– Досега штети од земјотресот пријавиле 58 наши сограѓани, а најголем дел од пријавите се однесуваат на оштетувања на куќи и помошни објекти – пукнатини во ѕидови, оштетувања на плочки и оџаци, соопштија од оваа институција, пренесува Независне. ..

Апелираа и до населението до петок до 15 часот да пријават сите чии објекти се оштетени, бидејќи, како што велат, следните барања нема да бидат земени предвид.

– Надлежните служби за цивилна заштита на ЈУ Екологија и безбедност посетија најголем број сограѓани, со цел да се утврдат приоритетите за санација, а извршено е и обележување на објекти кои го загрозуваат населението. Исто така нашите надлежни ја санирале штетата секаде каде што е можно, наведуваат понатаму во оваа институција.

Според одлуката на градоначалникот на Требиње, Мирко Ќуриќ, оперативниот тим на оваа институција и „Електро Херцеговина“ се испратени во соседно Љубиње, со цел да се пружи помош на населението од овој град.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни