Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, во близина на Трговскиот центар Скопјанка јавува репортерот на 4NEWS.mk
Според првичните информации од терен, мотор со голема брзина се забил во пикап кој бил најверојатно паркиран на последната десна сообраќајна лента.
На терен може да се забележи дека скрешено е едно од двете задни стакла на пикапот, а моторот се наоѓа веднаш до него.
На терен е полицијата која го регулира сообраќајот.
Во моментов нема информации колку лица се повредени и каква е нивната здравствена состојба.