Македонија

Мицкоски: Нашата црква мора да е обединета, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ

Мицкоски: Нашата црква мора да е обединета, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на својот Фејсбук профил посочи дека ова е голем ден за нашата света Македонска Православна црква – Охридската Архиепископија.

Мицкоски вели дека нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи.

„Да продолжиме да чекориме обединето.Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови. После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија! Нека е за многу години!“, пишува Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни