Македонија

Бектеши: Честитки до поглаварот на МПЦ-ОА и сите верници, политиките на добрососедство се од голема важност за целиот регион

Министерот за економија Крешник Бектеши упати честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан и до сите граѓани од православна вероисповед по повод едногласно донесената одлука од соборот на Српската православна црква за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

„Политиките на добрососедство се од голема важност за целиот регион. Само со градење на добрососедство можен е напредок на целиот Балкан.Честитки до МПЦ и сите православни верници кои што  долго време ја чекаа оваа одлука“ се вели во честитката на министерот Бектеши.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни