Демократската Унија за Интеграција им честита на сите верници од православна вероисповед во Северна Македонија за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, по едногласната одлука што денес ја усвоија членовите на Советот на Српската Православна Црква.
Ова е одлука од голема важност не само за нашата земја, туку и за стабилноста на целиот регион, бидејќи стави крај на долгогодишниот спор што создаде многу контроверзии кои ги потресоа темелите на мирот.
По Охридскиот и Преспанскиот договор, и овој решен спор е пример за мирен протагонизам на двете страни во време кога демонстрацијата на такво нешто е повеќе од потребно.
Една по една, со конструктивен и зрел пристап, се надминуваат сите пречки и се отвораат патишта кои гарантираат сигурна и прогресивна иднина на државата.
Демократската унија за интеграција смета дека овој пат на помирување и негување на добрососедски односи со ист епилог, нашата земја треба да го продолжи во спорот со соседна Бугарија за деблокирање на интегративните процеси во семејството на Европската Унија.