Балкан

Заков: Бугарија ќе го поддржи членството на Косово во НАТО

Заков: Бугарија ќе го поддржи членството на Косово во НАТО

Во разговор во Софија со министерот за одбрана на привремените институции на Приштина, Арменд Мехај, министерот за одбрана на Бугарија , Драгомир Заков , рече дека земјата ќе му даде поддршка на таканареченото Косово за членство во НАТО и другите меѓународни организации.

Мехај рече дека Бугарија како членка на НАТО и ЕУ останува важен партнер за зајакнување на односите и оти наскоро се очекува да биде потпишан меморандум за соработка, пренесува РТК.

Тој додаде дека Бугарија, исто така, ќе обезбеди безбедносна помош, образование и обука на кадети за припадниците на КБС.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни