За укинувањето на ветото за Северна Македонија разговарале членовите на групата за пријателство со Франција и францускиот амбасадор во Бугарија, дознава bTV.
Разговорот се одвивал денеска и бил неформален. Стана јасно дека Франција како претседавач со заедницата ќе достави документ до Народното собрание со предлог Европската унија да стане гарант Скопје да ги исполни условите на Бугарија.
Во замена за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство на соседите во ЕУ. Се очекува документот да биде испратен до сите земји-членки на Заедницата. Веќе сменетиот претседател на Собранието Никола Минчев не знаел за денешната средба.