Војната во Украина би можела да овозможи нелегално производство на дрога да цвета , предупредија денеска Обединетите нации. Претходните искуства од Блискиот Исток и Југоисточна Азија сугерираат дека конфликтните зони може да дејствуваат како „магнет“ за производителите на синтетички дроги, објави Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) во својот годишен извештај.
„Овој ефект може да се зголеми кога областа на конфликт е блиску до големите пазари за потрошувачи“, се вели во извештајот на ОН.
УНОДЦ соопшти дека бројот на демонтирани лаборатории за амфетамини во Украина се зголемил од 17 во 2019 година на 79 во 2020 година, што е најголем број на демонтирани лаборатории во која било земја во 2020 година. Капацитетот на Украина за производство на синтетички дроги може да расте како што војната продолжува, се додава.
„Немате полиција која посетува и уништува лаборатории кога сте во конфликтни зони“, изјави експертот на UNODC, Ангела Ме, за АФП.