После долго време отсуство од јавноста, поранешниот премиер и претседател на Македонија Бранко Црвенковски се појави на јавен настан, а еден од организаторите е токму тој.
Тој е дел од новоформираниот „Подгорички клуб“ во кој членуваат поранешни премиер и претседатели од регионот. Клубот е формиран со цел поранешните државници да понудат визија за Западниот Балкан.
Освен Бранко Црвенковски, како основачи се појавуваат и поранешните претседатели на Црна Гора и на Словенија, Филип Вујановиќ и Данило Тирк, како и поранешниот претседавачки член на БиХ Златко Лугумџија, поранешните премиери на Хрватска и на Србија Јадранка Косор и Мирко Цветковиќ.
Членови на овој клуб се уште и Милан Кучан, Хари Костов, Нашата Мичиќ, Алфред Мојсиу, Фатмир Сејдиу и Игор Лукшиќ.