Балкан

Еден загинат во експлозија на автомобил во Подгорица

Едно лице загина во експлозија на автомобил во центарот на Подгорица.

Загинатиот е 33-годишниот Никола Чупиќ, кој се поврзува со цетинските криминални групи. Бомбата била поставена под автомобил „тојота“ со цетински регистарски ознаки, и најверојатно станува збор за планиран напад.

Полицијата трага по сторителите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни