Балкан

Утринава нов земјотрес во северозападна Грција, во близина на Лефкада

По вчерашниот земјотрес во близината на островот Закинтос, утринава нов земјотрес се случи во Јонското Море, поточно меѓу островите Крф и Лефкада, односно 19 километри северозападно од Превеза.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, и со јачина од 5.2 степени според рихтеровата скала.

Земјотресот се случи во 4:26 часот по локално време.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни