Македонија

Владата донесе одлука за отворање амбасада во Атина и Генерален конзулат во Солун

Владата на Република Македонија донесе одлука за отворање амбасада на Република Северна Македонија во Република Грција со седиште во Атина.

Одлуката е донесена на владината 118-та седница.

Донесена е одлука и за отворање Генерален Конзулат на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште со Солун (Thessaloniki), кои ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на Одлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија, соопшти Владата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни