ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на пријавените кандидати за Претседател на државата. До ова партија стигнале вкупно 10 кандидатури, но една не е прифатена бидејќи е поднесена по истекот на рокот.
Кандидатите на оваа партија се: Никита Шектуровски, Ѓорги Манасков, Васко Костов, Влатко Ѓорчев, Гордана Силјановска – Дафчева, Филип Петровски, Илија Димовски – професор во пензија при Факултетот за шумарство, Горан Ангелов и Сашо Кутлешоски.
Пријавените кандидати до 16 февруари треба да ја промовираат нивната програма во општинските комитети на партијата. А последниот збор го има Конвенцијата на партијата која ќе се одржи на 16 февруари.
СДСМ, пак, исто како и опозициска партија објави оглас за самокандидирање, но еден месец по ВМРО-ДПМНЕ.
Тие кандидатот за претседател на Македонија ќе го утврдат на трети март на партиски конгрес. И додека претендентите за таа државна позиција од ВМРО-ДПМНЕ се веќе познати, од СДСМ нивните имиња остануваат шпекулација. Засега најчесто се споменуваат министрите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Никола Димитров и координаторот на Македонија за НАТО Стево Пендаровски.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ