Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Екипи и жители на терен – се бара 22 годишното момче кое со возило излета во Вардар

Екипи и жители на терен – се бара 22 годишното момче кое со возило излета во Вардар

Полициски службеници на СВР Тетово и денеска (30 септември), четвртти ден по ред, продолжија со пребарување на водите на Вардар, на потегот од мостот на тетовско Желино до скопско Радуша, за пронаоѓање на 22-годишниот кумановец Е.Р., кој на 27 ми овој месец околу 11 часот и 30 минути со возило „фолксфаген голф“ со кумановски регистарски ознаки излета од коловозот во реката.

Пребарувањето во кое учествуваат и припадници на МВР, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, неколку нуркачки екипи и жители од селото, се одвива со зголемена динамика, метар по метар од водите и брегот на реката.

Со цел да се овозможи непречено пребарување и денеска е намалено нивото на водaтa во реката, што им овозможува на пребарувачите да имаат подобар преглед и побрзо движење долж течението. Екипите продолжуваат со пребарување на теренот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни