Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

СТРАШНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕ: Велосипедист почина на лице место откако удри во товарно возило

СТРАШНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕ: Велосипедист почина на лице место откако удри во товарно возило

Денеска (30 септември) во 13 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на Добарски надвозник, велосипед управуван од Н.Р.(55) од Скопје удрил во запрено поради дефект товарно моторно возило „фолксваген кратер“ со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а по наредба на Јавниот обвинител телото е предадено за обдукција.                                                                          …..

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни