Првиот вицепремиер Артан Груби даде изјава дека народот има потреба од Али Ахмети, а не Али Ахмети од народот, по што преку својот Фејсбук профил се поправи.
„Народот му треба на Ахмети и на Ахмети му треба народот. Мојот однос со претседателот Ахмети е како односот на сите вас кои сте убедени во неговиот животен пат, неговата правда, визија, национална вредност за Албанците. Искрената намера на мојта изјава беше да се истакне вистината дека на Ахмети му треба народот, колку што му треба Ахмети на народот“, напиша Груби.
Во продолжение следи неговиот статус на Фејсбук.