Македонија

Урсула фон дер Лајен: Го поздравувам позитивниот моментум помеѓу Бугарија и Македонија

Урсула фон дер Лајен: Го поздравувам позитивниот моментум помеѓу Бугарија и Македонија

Го поздравувам позитивниот моментум помеѓу Бугарија и Северна Македонија, објави денеска на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по трилатералната средба со претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во Софија.

– Тоа доведе до почеток на процесот на пристапни преговори со Северна Македонија. Сега, исто така, тоа може да води до добра соработка за доброто на луѓето, на пример за енергија, наведе Фон дер Лајен во твитот проследен со видео снимка од средбата со Пендаровски и Радев.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни