Македонија

ДРОН ВИДЕО: Потрага по телото на Ердон Рамадани кој со голф излета во Вардар

ДРОН ВИДЕО: Потрага по телото на Ердон Рамадани кој со голф излета во Вардар

50 војници, „Волци“ со специјални кучиња, нуркачки тим, пожарникари, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување се само дел од големиот тим кој трага по Ердон Рамадани возач на голфот кој пред пет дена излета во водите на река Вардар кај Желино, Тетовско.

Во потрагата вклучени се и дрон камери. Од страна на граѓани се обезбедени и пет (5) дрона за воздушно набљудување.

„Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот кој на 27.09.2022 година излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино. Од 09.00 часот на терен се и извршуваат копнена претрага 50 војници од Касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ од Тетово, девет (9) припадници од армиската специјална единица „Волци“ со нуркачки тим, осум (8) вработени во Територјалната противпожарна единица ТППЕ Тетово, два (2) вработени од ДЗС Тетово, осум (8) вработени од Дирекцината за заштита и спасување ДЗС Куманово, а се очекува да се приклучат и двајца (2) нуркачи од ДЗС. Присутни се и полициски службеници од ПС Групчин и ПС Јегуновце, два (2) од РЦУК Тетово, а исто така помагаат и доброволци од месното население“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни