Македонија

ВИДЕО: Се снима филм пред Пошта на Железничка – демолирање автомобил со порака: „Припрема за газди што не даваат плата“

ВИДЕО: Се снима филм пред Пошта на Железничка – демолирање автомобил со порака: „Припрема за газди што не даваат плата“

На социјалните мрежи се појави видео снимено кај железничката станица во Скопје на паркингот кај една од филијалите на Пошта.

На видеото се гледа како две лица среде бел ден демолираат автомобил оставен на паркингот.

Сепак, демолирањето е поради филм.

„Припрема за газди што не даваат плата. ПС, а за чиновничиња и министерчиња што сега глумат големи газди ќе се снима нов филм“, стои во коментарот на видеото.

Во моментов нема официјална информација за тоа која е причината за овој инцидент.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни