Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Вештак тврди: Обвинетите биле свесни за последиците кога го претепале ракометарот Денис Тот

Вештак тврди: Обвинетите биле свесни за последиците кога го претепале ракометарот Денис Тот

Во Основниот Кривичен суд денеска продолжи доказната постапка за случајот во кој ракометарот Денис Тот беше претепан до смрт пред дискотека во Скопје.

Имено, пред судот денеска се обрати и Александар Марцикиќ, вешто лице од областа на психијатријата.

Тој се изјасни за здравствената состојба на обвинетите кој ја констатирал на 28 април.

Според него, обвинетите се психички здрави индивидуи со уредна интелигенција.

Марцикиќ вели дека секој од обвинетите за време на настанот биле со запазено психичко здравје, односно можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот

Судењето продолжува на 17 октомври.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни