Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Нуредини: Граѓаните да се греат на струја, за домаќинствата има доволно

Нуредини: Граѓаните да се греат на струја, за домаќинствата има доволно

Покрај енергетската и економската криза, ни претстои и тешка зима со аерозагадување.

Ова го изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Но, апелира граѓаните да се греат на струја бидејќи како што вели за домаќинствата има доволно електрична енергија.

Што се однесува до поскапувањето на дрвата, тој побара одговор и од шумското претпријатие зошто толку се зголемила цената.

„Се зголемија цените на дрвата, дури и на пелетите. Побаравме информација од Шумското стопанство и од инспекторатот да не известат зошто цените се многу зголемени, кога во регулативата вели 3000 денари од Шумско стопанство. Да излезат на терен и да направат соодветни проверки. 06:06-15 Доколку се користат енергетски ефикасни уреди, ние секогаш ги поддржуваме бидејќи ќе има струја за домаќинствата“, вели Нуредини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни