Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Притвор за разбојникот кој пред една недела нападна гостиварка

Притвор за разбојникот кој пред една недела нападна гостиварка

Мерка притвор од триесет дена вчера попладне доби А.М.(19) од Гостивар. Тој е осомничен дека извршил разбојништво и од Основниот суд Гостивар е спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

Од СВР Тетово информираат дека осомниченото момче било уапсено на 2 октомври 2022 година во 20 часот и 10 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар.

– А.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека на 24-ти минатиот месец околу 20 часот и 50 минути, во станбена зграда во Гостивар, физички ја нападнал 45-годишната гостиварка Х.Б. и заканувајќи и се со остар предмет се обидел да и ја одземе чантата, наведуваат од СВР Тетово.

По основите на сомнение со судска наредба беше извршен претрес во неговиот дом и при тоа беа пронајдени и одземени за вештачење повеќе предмети поврзани со ова кривично дело.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни