Македонија

Среда во Кавадарци ќе се презентираат новите чекори во процесот на пристапните преговори со ЕУ

Во среда, на 5 октомври, Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија ќе ја посети општина Кавадарци.

Ова е прва од претстојната серија посети на општините по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година. Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапните преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.

За време на престојот во Кавадарци, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, членовите на Советот на општината и претставници на граѓанските организации.

Тој ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните за да одговори на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни