Македонија

„Јас сум Македонка и зборувам македонски јазик“, порача пратеничката Мираковска

„Јас сум Македонка и зборувам македонски јазик“, порача пратеничката Мираковска

Пратеничката Соња Мираковска денеска на својот бугарски колега Александар Јорданов во Европскиот парламент му порача дека таа е Македонка и зборува на македонски јазик, а не на погрешен јазик.

„Јас сум Македонка, зборувам на македонски јазик и живеам во Македонија, сега наречена Северна Македонија. Тоа е мојот идентитет“, порача таа.

Според неа, потребно взаемно разбирање и почитување.

Таа вели дека Бугарија не може да им кажува на македонските граѓани дека тие зборуваат погрешен јазик.

„Поради нашето долго чекање за членство во ЕУ се појави проблем, а тоа е земањето бугарски пасоши. Прво беше тоа да се купи џип и да се оди во Европа. Вие имате бугарски пасоши на македонски граѓани регистрирани на една бандера во град во Бугарија. Тие пасоши се на нелегален начин дадени и тоа треба да се истражува, тоа е ваш проблем“ рече Мираковска и повика луѓето да се погледнат во очи и да си подадат рака во кризата која ни претстои.

Таа додаде дека кризата е тешка за нас како мала земја.

„Но ние сме навикнати на тешки услови. Кризата ќе биде потешка за другите, кои се навикнати поубаво да живеат. Ние долго време тешко минуваме и нашите граѓани минуваат тежок пат. Кога сте така научени, полесно ги минувате кризите. Но да се освестиме и да бидеме луѓе меѓу себе, за да можеме да се движиме по патот“ рече Мираковска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни