Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

ПОРАКА ЗА БОРБА ЗА ЖИВОТ: На Онкологија донирани перики за пациентките кои се борат со карцином на дојка

ПОРАКА ЗА БОРБА ЗА ЖИВОТ: На Онкологија донирани перики за пациентките кои се борат со карцином на дојка

Денеска на Клиниката за Онкологија беа донирани перики за петнаесет пациентки кои се борат со карцином на дојка.

Ова на својот Фејсбук профил го посочи поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Се работи за фондацијата Заев, која преку Програмата за подигање на свеста за јавното здравје е посветена на пациентите и нивните потреби.

„На овој начин изразуваме поддршка во животната битка на овие пациентки, вистински хероини кои и се спротивставиле на опаката болест. Се стремиме да помогнеме за квалитетен живот на пациентите. Оваа е порака за борба за живот“, напиша Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни