Македонија

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора

– Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествува на регионалниот политичко-безбедносен форум „2БС – Да се биде безбеден“ во Будва, Црна Гора.

Петровска ќе се обрати на панелот „НАТО подготвен за иднината – силен и отпорен“, заедно со заменик премиерот и министер за одбрана на Црна Гора, Рашко Коневиќ, и министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Сифет Поџиќ, соопшти Министерството за одбрана.

На годинашниот форум ќе бидат опфатени повеќе теми и области кои претставуваат предизвик за регионалната и глобалната безбедност, како војната во Украина и реперкусиите врз Западен Балкан, борбата со дезинформациите, европерспективата на Западен Балкан, одговорноста на агенциите за разузнавање на Западен Балкан, големата геостратешка конкуренција, значењето на сојузот помеѓу Русија и Кина, Отворен Балкан и други.

Покрај министерката Петровска, на форумот ќе учествуваат и други високи претставници од државите во регионот, меѓу кои и претседателите на Словенија и Црна Гора, Борут Пахор и Мило Ѓукановиќ, заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана, министри за одбрана и министри за надворешни работи од регионот, претставници на академската заедница и експерти, а најавено е и преку видео врска да се вклучи украинскиот претседател Зеленски.

Оваа година се одржува дванаесеттиот „2БС – Да се биде безбеден“ форум, кој е годишен безбедносен форум во организација на Атлантскиот совет на Црна Гора, се наведува во соопштението од МО.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни