Македонија

Приведени двајца разбојници во Скопје, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Приведени двајца разбојници во Скопје, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

– Полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар денеска во 01:05 часот на булевар „ВМРО“ во Скопје ги лишиле од слобода С. М. (42) и В. Т. (24), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека вчера околу 23:00 часот на булевар „Гоце Делчев“ физички ја нападнале А. Ц. (36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон. Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни