Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот, вели Мицкоски

Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку Фејсбук статус обвинува дека македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот.

„Македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според EUROSTAT, цената на струја која македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5€/MWh.

Според истиот EUROSTAT во првото полугодие од 2022 година, граѓаните во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 1) споредено со македонските граѓани:

Србија 58,9 €/MWh

БиХ 73,3 €/MWh

Турција 74,8 €/MWh

Косово 55,5 €/MWh

Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, ефтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн…, а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа цена на струја по 69,5 €/MWh (слика 2) или за 22,5% помалку од цената на струјата која ја плаќале во првото полугодие од 2022 година.

Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана картели, корупција и криминал, економија во распад, понижувања и предавства за пусти пари.

Одговорност ќе има… доаѓа денот!“, пишува Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни