Македонија

Падна во рацете на полицијата: 25-годишен тетовец крадел електрични тротинети и велосипеди

Падна во рацете на полицијата: 25-годишен тетовец крадел електрични тротинети и велосипеди

Тетовската полиција информира дека е лишен од слобода 25-годишник од Голема Речица, осомничен за кражби на три електрични тротинети и велосипеди.

„Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 19 часот и 45 минути, во тетовска Мала Речица, го лишиле од слобода 25-годишниот А.Р. од ова село, поради сомнение дека изминатите неколку месеци извршил три кражби на електрични тротинети и велосипеди“, информираат од МВР.

По расчистување на случаите против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни