Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

СДСМ: Се што прават Мицкоски и Апасиев е да се препречи нашиот пат кон ЕУ

СДСМ: Се што прават Мицкоски и Апасиев е да се препречи нашиот пат кон ЕУ

Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ денеска, по новинарско прашање околу иницијативата за референдум, истакна дека прво треба да ја видатзатоа што се уште не е стасана до нив.

„Јас лично а претпоставувам и ниеден од колегите ја нема видено, тоа е првата работа. Втората работа, онашто го знам е дека во ова Собрание мнозинството гласаше и ние како СДСМ, гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ“, вели Коциќ.

Тој додава дека како трето станува јасно дека се што прават Мицкоски и Апасаиев е да се препречи патот кон ЕУ, а друга желба и интенција нема.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни