Македонија

„Мртов пијан“ седнал зад воланот: Полицијата санкционираше возач со 4.14 промили алкохол

„Мртов пијан“ седнал зад воланот: Полицијата санкционираше возач со 4.14 промили алкохол

Во текот на изминатата вечер (08/09.10.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата на еден од санкционираните возачи во општина Илинден му биле измерени 4.14 промили алкохол во организмот.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни